Дебарски бањи Цапа со драстично зголемување на добивката во третиот квартал

Дебарски бањи Цапа во првите девет месеци од годината остварила вкупна сеопфатна добивка од 9.458 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Во истиот период лани Друштвото имаше добивка од 2.955 илјади денари.

За овој период Друштвото има оперативни приходи од 146.803 илјади денари, кои се зголемени споредено со лани и оперативни расходи од 135.808 илјади денари, кои се исто така зголемени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебарски бањи – Цапа со загуба во првото полугодие

Фото: Дебарски бањи Цапа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести