Од Центарот за управување со кризи информира (ЦУК) информираа дека денеска во Македонија има 12 активни пожари.
Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно кај селото Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп, кај селото Бешиште, кај местото викано Бешишки Рид, кон селото Градешница (Новаци) и кракот кон границата со Грција, каде гори мешана шума, активен крак кон селото Дрен, проширен кон селото Галиште (Кавадарци), а под контрола е тој помеѓу Царевиќ и Смолани, каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација, во Општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа, каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во Општина Желино, помеѓу селата Церово и Групчин, каде гори нискостеблеста и деградирана шума, во Општина Петровец кај селото Средно Коњаре, крај реката Пчиња, каде гори мешана шума, во Општина Зелениково, кај селото Гумалево, каде гори ниска и мешана вегетација, во Општина Крива Паланка, кај селото Нерав, каде гори висока борова шума, во Општина Старо Нагоричане/Куманово, кај селата Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце, каде гори ниска вегетација, во Општина Старо Нагоричане кај селото Руѓинце, каде гори ниска вегетација, во Општина Василево, кај селото Сушево, каде горат грмушки и ниска вегетација и кај селото Добрашинци, каде горат грмушки и ниска вегетација.
Под контрола се пет пожари: во Општина Македонски Брод кај селото Грешница и селото Латово, во Општина Струмица кај селото Баница и населбата Софилари, во Општина Карбинци кај селото Јунузлија и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце.
Фото: Игор Бансколиев