Изутринава во Македонија се активни пет пожари, информираат од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, во селото Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во селото Грешница во Македонски Брод, каде гори мешана шума и сува трева, помеѓу селата Локвица и Крапа, каде е опожарена деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во местото викано Бешишки Рид, кај прилепското село Бешиште, каде гори мешана шума и пожарот во Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин, каде е опожарена нискостеблеста и деградирана шума.
Три пожари пак се под контрола. Станува збор за пожарите помеѓу прилепските села Царевиќ и Смолани, кај местото викано Радобилски рид, каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација, местото викано Маркова Стапалка кај селото Латово, каде горат грмушки и сува трева и во Општина Демир Капија – во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија каде гореше ниска вегетација.
Фото: Влада