Денеска еден активен пожар и еден под контрола

Во Македонија денеска до 12:00 часот е регистриран еден активен пожар во Општина Василево во селото Пиперово, каде гори сува трева, информираа од Центарот за управување со кризи.

Под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во повеќенаменско подрачје Јасен, каде гори мешана шума.

Изгаснат е еден пожар.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести