Денеска по два активни и под контрола пожари во Македонија

Денеска во Македонија, до 12 часот, имало два активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод над селото Бенче на планината Добра Вода, каде гори дабова шума и папрат и во Општина Чучер Сандево и Липково, помеѓу селата Малино, Танушевци и Лукаре, каде гори мешана шума.

Под контрола се пожарите во Општина Прилел, кај селото Дабница и местато викано Три багреми и во Општина Гевгелија на планината Кожуф.

Изгаснати се исто така два пожари.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести