Денеска почнува Богородичниот пост

Денеска започнува Богородичниот пост и завршува на празникот Успение на Богородица на 28. август.

Богородичниот пост е меѓу построгите пости во православната Црква и по својата строгост е сличен на Великиот пост, но на секому му одредува неговиот духовен отец.

„Богородичниот пост не е само воздржување од одредена храна. Неговата суштина е во духовната подготовка, во молитвата, покајанието и стремежот кон очистување на срцето.

Црковното предание особено го поврзува овој период со последните денови од земниот живот на Пресвета Богородица. Пред своето упокоение, таа поминала време во молитва и пост, подготвувајќи се за своето преминување од земниот во небесниот живот.

Во синаксарот на Утрената на празникот се раскажува како Пресвета Богородица се искачила на Маслиновата Гора за молитва:

„Се искачи брзо на Маслиновата Гора за да се помоли, зашто имаше обичај често да се искачува таму за молитва. И се случи тогаш нешто чудесно: кога се искачи таму Богородица, самите дрвја што беа на гората се наведнаа и ѝ оддадоа чест и поклонение што ѝ прилегаа на Владичицата, како да беа живи слуги.“

Овој настан ни открива нешто од духовната длабочина на нејзиниот живот – живот исполнет со молитва, смирение и целосна посветеност на Бога,“ пишува tiveripol.mk.

Сепак, телесниот пост не треба да се одвојува од духовниот. Воздржувањето од храна без молитва, покајание, простување и љубов кон ближниот не ја исполнува вистинската смисла на постот.

Затоа Богородичниот пост е време во кое сме повикани не само помалку да јадеме, туку и повеќе да се молиме, да простуваме, да се смируваме и да Му се приближуваме на Бога.

Фото: tiveripol.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести