Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Денешното рочиште треба да продолжи со завршните зборови на Основното јавно обвинителство Скопје, кои започнаа на претходното рочиште, по што завршни зборови ќе има и одбраната на обвинетите.

Обвинети се Љупчо Палевски Палчо, кој е првообвинет, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.

Сите се изјаснија за невини.

Ѓорчевска и Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември, а на 3. декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познато кое време биле убиени Вања и Панче, таткото на Ѓорчевска остана во обвинението

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести