Во Македонија денеска се активни три пожари, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во селото Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп, во селото Бешиште, на место викано Бешишки Рид – со краци према селото Градешница (Општина Новаци) и кон границата со Грција, каде гори мешана шума, во општините Прилеп и Кавадарци помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Општина Прилеп), и Галиште и Трстеник (Општина Кавадарци), каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација.
Под контрола се пет пожари: во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде гори мешана шума и сува трева, кај селото Латово, каде гори ниска вегетација и деградирана шума, во Општина Штип помеѓу селата Драгоево и Селце, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева, во Општина Карбинци кај селото Јунузлија, каде гори шума и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа, каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Фото: АРМ