Денеска во Македонија, до 7 часот, се активни два пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Гевгелија на Кожуф планина, кај селото Петрово, каде гори букова шума и во Општина Македонски Брод, на планината Добравода, каде гори ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во Општина Гази Баба, во селото Трубарево и во селото Виниче, кај местото викано Муратица, во Општина Студеничани, во селото Батинци и во Општина Кочани, во селото Бали.
Изгаснати се 28 пожари.
Фото: Игор Бансколиев