За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица.
Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.
По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август).
Постењето во однос на воздржувањето од храна, секој верник треба да го одреди со свијот духовен отец. Она што е најважно е да се постои од зло, односно да не се „јаде“ братот свој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/еМагазин.мк