Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Денешното рочиште треба да продолжи со завршните зборови на Основното јавно обвинителство Скопје.
Обвинети се Љупчо Палевски Палчо, кој е првообвинет, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.
Сите се изјаснија за невини.
Ѓорчевска и Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември, а на 3. декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ