Џеваир Камбери не примил поткуп, туку позајмица, кажа неговиот адвокат на судењето за трагедијата во Кочани

Обвинетиот за трагедијата во Кочани, Џеваир Камбери, кој е поранешен службеник во Министерството за економија, не примил поткуп, туку позајмица, кажа на денешното рочиште неговиот адвокат Насер Рауфи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на затворот во Шутка вели дека не е точно дека лице признало дека се негови телефоните кои беа најдени во ќелијата на Џеваир Камбери

Камбери, освен што е обвинет за кривичното дело “тешки дела против општата сигурност“, како сите други обвинети во случајот, е единствениот што е обвинет и за поткуп.

Осврнувајќи се на делото за поткуп, неговиот адвокат рече дека сè било регуларно, бидејќи трансакцијата одела преку банка. Според него станувало збор за две суми, едната од 12.000, а другата од 226.000 денари.

И тој како и другите адвокати, меѓу друго, во воведниот збор посочи дека обвинението на Основното јавно обвинителство се базирало на паушални конструкции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши не потпишал ниту една лиценца за „Пулс“, тврди неговата одбрана

Лиценцата во 2012 била за друг објект, а не за „Пулс“, кажа одбраната на поранешниот министер Сараќини

Во ќелија на обвинет за трагедијата во Кочани најдени 13 мобилни и лап топ

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести