Вчера во судницата на Казнено-поправната установа Идризово започна судењето за трагедијата во Кочани.
Судскиот процес го води судијката од Основниот кривичен суд Скопје, Диана Груевска Илиевска, а нејзин заменик е судијата Ахмед Идризи и четворица поротници, од кои еден резервен за да нема застој во постапката.
На стартот на судењето таа меѓудругото посочи дека никој не знае колку ќе трае процесот и побара дисциплина од сите странки и да нема непотребно одлагање на судењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За пожарот во т.н. дискотека се обвинети 36 физички и три правни лица.
Која е Груевска Илиевска
Таа работи во одделот Кривично полнолетни, а судијка според нејзината официјална биографија станала во февруари 2006 година.
Има 19 годишен судски стаж и претходен 17-годишен стаж како стручен соработник
На јавноста и е позната по неколку судски случаи.
Таа претседаваше со судечкиот совет во случајот „Ласкараци“, кој се однесува за автобуската несреќа во која загинаа 16 лица, а 37 беа повредени. Судењето поради супервештачење траеше подолг временски период, како и што се прогнозира дека ќе трае и судењето за трагедијата во Кочани.
Беше делегирана и како член на судечкиот совет кој го судеше предметот „Организатори на 27 април“.
Одреден период го судеше и предметот „Поткуп“ против поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев.
Таа го судеше и предметот во кој на поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски му се судеше за набавката на резервни тенковски делови во АРМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ













