Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го суди предметот за пожарот во Кочани

Судијката Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни во Основниот кривичен суд Скопје ќе го суди предметот за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.

Од Судот од каде претходно информираа дека во целост е одобрено обвинението за случајот, велат дека Груевска-Илиевска е судија со долг стаж, која имало постапувано во сите оддели на Судот.

Таа имала и 17-годишен стаж како стручен соработник.

Груевска Илиевска претседаваше со судечкиот совет во случајот „Ласкараци“, кој се однесува за автобуската несреќа во која загинаа 16 лица, а 37 беа повредени, беше делегирана и како член на судечкиот совет кој го судеше предметот „Организатори на 27 април“, а одреден период го судеше и предметот „Поткуп“ против поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одобрено обвинението за пожарот во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести