До 2028 година Скопје, кога ќе биде европска престолнина на културата, ќе добие неколку мултифункционални центри, еве како ќе изгледаат

До 2028 година, Скопје, кога главниот град ќе биде европска престолнина на културата, ќе добие неколку мултифункционални центри, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Вчера беше потпишан договор за реконструкција на мултифункционален центар во населбата Ново Лисиче, Општина Аеродром, вреден 99 милиони денари.

Министерството за култура и туризам досега потпишало 20-ина договори со повеќе општини низ државава за изградба на мултифункционални центри. Некои сега почнуваат да се градат или се во тек на изградба.

Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче е на површина од 1.400 метри квадратни, а во него ќе има киносала со 245 столчиња, простор за изложби, како и канцеларии и соби за техника.

Фото: Општина Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести