Изборите беа добро организирани, мирни и конкурентни, оцени ОБСЕ

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР оценија дека локалните избори биле добро организирани, и дека биле мирни и конкурентни.

Забелешката, како и во првиот круг се однесува на тоа дека не сите кандидати учесници на изборите имале исти услови за кампања, а владини преставници толку биле присустни во неа – што се изгубила повторно разликата меѓу партијата и државата.

„Континуираното вклучување на владини претставници во кампањата понекогаш ја замаглуваше линијата помеѓу државата и партијата. Загрижувачките обвинувања за притисок врз вработените во јавниот сектор и гласачите продолжија, како и бројните обвинувања за купување гласови.

Државните средства за политичко рекламирање и распределба на времето во етер беа распределени меѓу кандидатите според истата формула применета во текот на првиот круг, ставајќи ги во неповолна положба независните кандидати и партиите кои не се претставени во Парламентот и ефикасно исклучувајќи ги помалите партии со парламентарна група,“се вели во извештајот.

Во однос на основните слободи на изразување, истите биле почитувани, а кандидатите можеле слободно да водат кампања. Тонот на кампањата бил повоздржан отколку во првиот круг, со некои случаи на лични напади од страна на кандидатите и партиските лидери едни кон други.

Медиумите известувале неутрално, но проблем бил нерамноправниот третман на партиите.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести