(Видео) „Дома“ нова песна на Бојана Скендеровски

Македонската пејачка Бојана Скендеровски објави нова песна „Дома“.

Истата е прва песна од нејзин нов проект кој го работи со Николче Мицевски и со кој ќе одбележи 23 години од музичката кариера.

Текстот е на Христијан Тасковски Таско и на пејачката, а музиката и аранжманот на Мицевски.

„Сакав да понудам поинаква музика, музика со емоции, душа и затоа едвај чекам да слушнам што мисли мојата публика, моите фанови.

Она што во моментов можам да го кажам е дека заедно со Николче и Таско направивме едно искрено парче музика, направивме една убава, родољубива современа песна и сите чувства кои ги имавме за оваа прекрасна земја ги преточивме во музичко парче на кое сум горда. Се надевам дека ќе ви се допадне“, вели Скендеровски.

Видеото е во продукција на Скендеровски продукција, а директор на фотографијата е Бојан Стоилковски.

Таа ќе има солистичкиот концерт на 13, декември, во чест на долгодишната музичка кариера, а најавува и продолжение на проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести