„Dori Care“, нова компанија со шведски капитал во секторот за нега на стари лица, отворена во Гостивар

Во Гостивар се отвори „Dori Care“ (Дори Грижа), нова компанија со шведски капитал во секторот за нега на стари лица.

Под раководство на директорката Мелахате Исаи, „Dori Care“ на пазарот ќе нуди специјализирани услуги за домашна нега на стари лица, кои се целосно персонализирани според индивидуалните потреби на корисниците.

Дејноста на компанијата опфаќа широк спектар на активности, започнувајќи од асистенција при остварување на основните животни потреби како исхрана, облекување и одржување на лична хигиена, па сè до грижа за домаќинството преку услуги за чистење и перење.

Покрај физичката асистенција, компанијата става силен акцент и на социјалниот аспект на живеењето, обезбедувајќи неопходно друштво, како и социјална и психолошка поткрепа за корисниците.

Дополнителни услуги вклучуваат и помош при планирање на дневни и рекреативни активности, со цел подобрување на квалитетот на животот на старите лица.

„Dori Care“ располага со високо професионално обучен персонал и нуди флексибилно работно време кое се креира врз основа на специфичните барања на клиентите.

На отварањето присуствуваше и директорот на Шведско-македонската стопанска комора, Викиус Наумовски, кој ја истакнаа поддршката за оваа иницијатива како значаен пример за имплементација на шведските стандарди и деловни практики на македонскиот пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести