Досегашните три се зголемуваат на шест бесплатни ин-витро оплодувања

Наместо три бесплатни ин-витра оплодувања, со новите законски измени предвидени се шест. Дополнително, Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) го скрати и времето на одлучување од три месеци на две недели, а поедноставен е и дел од административниот процес.

„Сè поголем број брачни парови и поединци се соочуваат со проблеми при зачнување, а успешноста на третманот често се зголемува со зголемениот број обиди. Правиме чекор за поддршка на еден од најосновните човечки стремежи – создавање семејство,“ изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Лани, имало 1.495 барања за ин-витро оплодување.

Следни чекори на Фондот се финансиска поддршка на криопрезервација, односно замрзнување на јајце-клетки за идна употреба, како и поддршка за Клиниката за гинекологија во создавањето на национална банка за репродуктивен материјал (јајце-клетки и сперма) за зголемување на пристапноста до репродуктивни третмани.

Бараната документација за ин-витро оплодување, може да се најде ОВДЕ.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести