Дождот помогна во гасењето на пожарот на Јасен

Дождот кој утрово го зафати Скопје и околината помогна да се изгаси пожарот во ловиштето Јасен, кој траеше десетина дена на непристапен терен.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов изјави дека сепак и покрај обилните врнежи, на одредени делови од пожарната линија и понатаму има чадење.

„По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Овој терен ќе биде пребаран и со дронови со термални камери“, изјави Ангелов.

Екипи на ЈП „Јасен“ продолжуваат со патролирање се додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат.

Според информациите од ЦУК, на територијата на државата има осум активни пожари.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести