На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, од Основното јавно обвинителство Скопје во завршните зборови побараа доживотна казна затвор за првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо и за другите обвинети – Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.
-Иако двете убиства се квалификувани од потежок облик, и казната се движи минимум од 10 години до доживотен затвор, и таа разлика од минималната до максималната казна е голема. Затоа Судот треба внимателно да ги земе во предвид и начинот на спроведување на делата, и нивната непоколебливост во намерата. Тука не постојат олеснителни околности.
Сите обвинети се дел од семејна заедница, сите се нашле во улога на воспитувачи, а тие посегнуваат по она што му е најсреќно на секој родител, на секо човечко битие.
Од овие причини Обвинителството бара сите четворица да бидат прогласени за виновни и да им се одреди казна доживотен затвор, кажаа од Обвинителството.
За обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на Ѓорчевска, од Обвинителството побараа соодветна затворска казна, бидејќи остануваат на обвинението за него дека му дојавил на Палевски за нејзиното движење и кога ќе оди на училиште без сестра и.
-Не тврдиме дека сакал да му го убијат детето, но учествувал во киднапирањето на ќерка си и бараме соодветна казна за тоа, посочија од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајката на Вања и ќерките на Панче побараа отштета и доживотен затвор за обвинетите
Познато кое време биле убиени Вања и Панче, таткото на Ѓорчевска остана во обвинението