Драстичен пад на странските директни инвестиции во Македонија

Податоците на Народната банка покажуваат дека во првите девет месеци од годинава странските директни инвестиции во Македонија изнесуваат 209,4 милиони евра.

Споредено со истиот период лани, кога изнесувале 840 милиони евра, има голем пад на инвестициите.

Во текот на третиот квартал вкупните директни инвестиции во земјава бележат нето-одливи во износ од 21,8 милиони евра, како резултат на нето-одливите кај должничките инструменти (73,2 милионa евра) и реинвестирањето на добивката (3 милиони евра), при нето-приливи кај сопственичкиот капитал (54,5 милиони евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести