Ер-трактор со посебна пена, го гаси пожарот на Дрисла

Во гаснењето на Дрисла се вклучи ер-трактор, кој работи со посебна пена, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. На терен работи и тешка машинерија за затрупување на критичниот дел каде што има горење.

„Огнот не може да се изгаси со вода, бидејќи внатре се одвиваат хемиски и биолошки процеси кои предизвикуваат запаливи гасови,“ појасни Ангелов.

Тој појасни дека чадот е значително намален и очекува до вечерва ситуацијата да биде уште пооптимална, а можно е и да престане.

Вардариште во моментов не гори и ангажирана е агенција за обезбедувањеАнгелов посочи дека и двете депонии биле потпалени. Во врска со тоа, е поднесена кривична пријава, а три лица се задржани со мерка притвор, бидејќи користеле диви отпади и купувале материјали од лица кои палат кабли и друг вид отпад за понатамошна продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрисла го отру Скопје: Бура од реакции на социјалните мрежи

Дрисла гори два дена, цело Скопје мириса на чад и на отрови

Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести