Дрисла чади со намален интензитет, но сè уште го труе Скопје

Чадењето е делумно намалено, но сè уште е присутно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по увидот во Дрисла, која се уште чади и го труе Скопје.Тој нагласи дека ситуацијата се подобрува благодарение на новоизградениот пристап.

„Двата земјени патишта, кои вчера беа изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичното место,“ додаде Ангелов.

Тој појасни дека делот што чадеше е со големина приближно колку едно фудбалско игралиште, а отворен оган не може да се забележи.

Ангелов истакна дека во овој момент на терен работи оптимален број на камиони, багери и булдожери, а нивниот број дополнително ќе се зголемува.

Фото/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести