Дрисла уште чади и продолжува да го труе Скопје

Депонијата Дрисла продолжува да чади и денеска, но во многу помал обем од претходно, информираше утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

„Во текот на вчерашниот ден е затрупан дел од просторот на депонијата Дрисла од кој имаше чадење. Денес затрупувањето продолжува со засилено темпо, бидејќи вчера беа извршени неколку логистички зафати кои овозможуваат полесен и побрз пристап до критичната точка“, вели тој.

Пожарот пак на дивата депонија Вардариште е целосно изгаснат и од неа нема никакво чадење.

Во делови од Скопје, како Лисиче, воздухот и понатаму е загаден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општествено одговорни градежни компании со механизација ќе го решаваат проблемот во Дрисла, најави Мицкоски

Ер-трактор со посебна пена, го гаси пожарот на Дрисла

Дрисла го отру Скопје: Бура од реакции на социјалните мрежи

Фото: Архива/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести