На јавна берзанска аукција на 5, 8, 9, 12 и 13. јануари следната година, Агенцијата за управување со одземен имот ќе продава запленети 7.213 акции во Алта банка АД Битола (поранешна Стопанска банка АД Битола).
Акциите ќе се продаваат на Македонската берза според моделот “се или ништо„, со почетна цена од 3.194 денари по акција.
Номиналната вредност на акциите е 3.000 денари, а станува збор за акции кои преставуваат 1,84% од вкупниот број на акции на Банката.
-Со оглед на тоа што предмет на продажба се акции издадени од Алта Банка АД Битола, потребно е да се има предвид дека согласно Законот за банки, доколку некој од купувачите се стекне со квалификувано учество мора претходно да има добиено согласност од НБРСМ.
Во Законот за банки е предвидено дека секое лице кое има намера, директно или индиректно, постапно или одеднаш, да стекне акции чиј вкупен кумулативен номинален износ изнесува или надминува 5%, 10%, 20%, 33%, 50% и 75% од вкупниот број на акции, односно од вкупниот број на издадени акции со право на глас во Банката, без оглед на тоа дали акциите ги стекнува само или заедно со други поврзани лица, директно или индиректно, е должно да поднесе барање до Народната банка за добивање претходна согласност.
Учесници во аукцијата кај продажбата на акции издадени од Алта Банка АД Битола можат да бидат само купувачи што ги исполнуваат законските услови, стои во огласот.
Станува збор за акции кои беа конфискувани за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), “Империја“, одземени од фирмата ,,Ексико”, во сопственост на поранешниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ставена вон сила одлуката Маја Кадиевска Војновиќ да биде член на УО на Алта банка Битола
.Како работи Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола
Која е Алта банка, новиот сопственик на Стопанска банка Битола














