Државна помош од 1. јануари само за инвестиции над 100.000 евра во преработувачката индустрија

Од 1. јануари следната година се менуваат правилата за доделување државна помош на компаниите.

Право да добијат државни пари ќе имаат компании кои реализираат почетна инвестиција од најмалку 100.000 евра, а инвестицијата мора да биде во рамките на преработувачката индустрија, информираа од Министерството за економија и труд.

Државна помош повеќе нема да добиваат компании од секторот примарното земјоделство, шумарството и рибарството, како и фирми од областа на градежни активности поврзани со изградба и продажба на станови и деловни згради.

Новите правила беа усвоени во август, а ќе се финализираат до крајот на годината. Новина е и што Министерството ќе има водечка улога во целата постапка – од евалуација и потпишување на договорите, до следење на нивната реализација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести