ДСЗИ: Веќе постапуваме по забелешките и препораките на Ревизија

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веќе постапувале согласно констатираните забелешки и препораки во извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на ДСЗИ, изготвен од Државниот завод за ревизија, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На македонскиот пазар постои ризик дека се продаваат козметички производи и детски играчки што содржат забранети и штетни супстанции, предупредува Ревизија

-Имено, во делот на забелешките кои се однесуваат на инспекциските надзори, кои се од техничка природа се дадени насоки до сите подрачни одделенија овие забелешки во иднина да бидат корегирани.

По однос на забелешките кои се однесуваат на одделението за човечки ресурси, во тек е комплетирање на документацијата. 

Во делот на материјално сметковотствено работење, забелешките се од административно техничка природа и имајки во предвид дека ДСЗИ од 01.01.2025 година е орган во состав на Министерството за здравство, веќе се преземени мерки за отстранување на констатираните административни забелешки. 

Во однос на постапката за увоз на детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба и забелешката за сертификатите за безбедност кои се приложуваат при увоз, веќе се отпочнати иницијални преговори со релевантните чинители за изнаоѓање заедничко прифатливо решение со цел да се надмине овој проблем, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести