Денеска во Македонија до 12 часот има два активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во Националниот парк „Јасен“, каде гори мешана шума, на територија на Општина Македонски Брод и во струмичкото село Сарај, каде гори отпад.
Под контрола е пожарот во ресенското село Долно Дупени, каде гори дабова шума и ниска вегетација.
Фото: АРМ