Двајца малолетни велосипедисти од Исланд учесници на ЕМОФ, удрени со автомобил

Двајца малолетни велосипедисти од Исланд учесници на ЕМОФ, биле удрени со автомобил на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

„На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б. (42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја и кое се подготвувале за денешната велосипедска трка,“ информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. 

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести