70% од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ

Најновото истражување на Евробарометар за процесот на проширување на Европската унија (ЕУ) покажува дека 70% од македонските граѓани подржуваат членство во Унијата.

На прашањето кога сметаат дека Македонија ќе стане членка 27% одговориле „во следните пет години“, 35% „за пет до 15 години“, 16% дека „ќе бидат потребни повеќе од 15 години, но ќе се стане“, 16%, сметаат дека „државата никогаш нема да стане земја членка на ЕУ“, а 6% рекле дека не знаат.

Истражувањето покажува и дека 23% од граѓаните во Македонија имаат „многу позитивна“ слика за Унијата, 42% „прилично позитивна“, 20% „неутрална“, 10% „негативна“, 4% „многу негативна“, а 1% немаат став.

Како придобивки од членството во ЕУ, 48% од македонските граѓани ги сметаат отворените граници и можноста за да се патува во другите земји од Унијата без визи, 43% слободната трговија и бесцаринската зона, а 42% поквалитетниот живот и повисокиот животен стандард.

Главна пречка за пристапувањето на земјава кон ЕУ според 41% од македонските граѓани е „широко распространетата корупција“, за 38% „недостигот на владеењето на правото и неадекватното судство“, а за 37% „несогласувањето на одредени земји членки“.

Доверба кон ЕУ, изразуваат 75% од македонските граѓани, довербата кон Светската Банка и ММФ е 79, односно 76%, а кон НАТО, 73%.

Најголема подршка за членство во ЕУ во земјите од Западен Балкан има во Албанија, 91%, а најниска во Србија, 33%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само 56% од граѓаните на ЕУ се за проширување

Фото: Игор Бансколиев

.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести