Еден од менаџерите на барот „Ле Констелатион“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, каде избувна пожар во кој загинаа над 40 лица, меѓу кои и македонски државјанин, а над 100 се повредени, бил во затвор во Франција за измама и киднапирање, објавија француските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Македонецот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во Кран Монтана
Менаџери на барот се француските државјани, парот Жак (49) и Џесика Морети (40).
За нив швајцарското Обвинителство отвори кривична истрага, а двајцата се осомничени за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и за палеж од небрежност.
Францускиот весник „Ле Паризиен“, објави дека Жак Морети пред 20 години, бил затворен во Савоја за измама и киднапирање, а според полициски извор на весникот, тој не бил вклучен во организиран криминал оттогаш.
Властите во Швајцарија истражуваат дали во барот биле исполнети прописите за противпожарна безбедност и какви реновирања биле направени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вознемирувачка снимка од почетокот на пожарот во Кран-Монтана, кој потсетува на тој во Кочани
Фото: Унсплеш














