Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани, се уште е во тешка состојба, информираше денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Петмина повредени се на лекување во странство, а петмина се во Скопје.
„Мислам дека деновиве е направена проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот,“ потенцираше Клековски.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна рано наутро на 16. март, зеде 62 жртви, а 203 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болниците низ земјава и странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев