Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и кандидат за градоначалник на Град Скопје денеска оствари средба со Душан Ковачевиќ од „EXIT“ со кого разговарале следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации.
„Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија, ставајќи го на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто,“ напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Фото: EXIT Photo Team/Ѓорѓиевски-Фејсбук