По минатогодишниот спектакл пред преполната арена „Борис Трајковски“, македонската музичка дива Калиопи Букле, повторно ќе настапи пред домашната публика, овојпат во ексклузивна, unplugged верзија “100% live”, на 14. ноември 2025 година, во салата на Македонска филхармонија во Скопје.
Настанот е во организација на „Прагма продукција“ и истиот е замислен како интимно и длабоко музичко искуство, целосно фокусирано на уметноста, зборот и емоцијата што Калиопи ја носи со секој здив, информираат од таму.
-Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина.
Со поддршка од нејзиниот бенд, составен од врвни музичари и со внимателно изграден аранжман, концертот во Филхармонија ќе биде уникатно уметничко доживување, различно од се што сме слушнале досега.
Бројот на места е ограничен, а интересот веќе е огромен. Овој концерт ќе биде доживување за сите љубители на вистинската музика, интимно, автентично и незаборавно, посочуваат од таму.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.