Електродистрибуција со стратешки инвестиции за модернизација на дистрибутивната мрежа

Електродистрибуција во првата половина од годината инвестираше над 20 милиони евра во модернизација и реконструкција на дистрибутивната мрежа на висок и среден напон, информираат од компанијата.

„Овие значајни инвестиции се наменети за проекти чија цел e долгорочно подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето на корисниците, како и зголемување на моќноста и капацитетот на дистрибутивната мрежа.

Голем проект кој тековно се реализира во центарот на Скопје е високонапонската трафостаница 110/35/10 kV „Централна“, во чија изградба досега се инвестирани 11 милиони евра.

Другата значајна инвестиција, во проектите за каблирање, надминува 9 милиони евра. Овие проекти опфаќаат замена на постоечките надземни линии со подземни кабли и изградба на нови кабелски линии во должина од 110 километри низ повеќе локации како Аеродром, Пештани, Зајас, Тајмиште, Струмица и Делчево.

До крајот на годината планирано е и поставувањето на новиот 110 kV кабел во правец Југ Нова – Централна – Вардар.

Овие инвестиции на Електродистибуција го подобруваат нивото на ефикасност на целиот систем,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести