Ќе одлучува ли ЕУ со квалификувано мнозинство? Засега 16 членки се за

Членките на Европската унија (ЕУ), Австрија, Словенија, Германија и Италија покренаа инцијатива за промена на процесот на одлучување при пристапувањето на земјите кандидатки за членство во Унијата.

Тие предлагаат употреба на гласање со квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, наместо со консензус на сите земји членки.

Гласањето со консензус пак според предлогот треба да остане при одлучувањето за почеток и завршување на преговорите со земјите кандидатки.

Засега предлогот ја има поддршката на 16 од 27 земји членки на Унијата. Меѓу нив не се двата соседи на Македонија, членки на ЕУ, Бугарија и Грција, како и Хрватска, Словачка и Унгарија.

Предлог се разгледува во извршното тело на ЕУ, Европската комисија.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести