ЕУ досега и дала на Украина над 168,9 милијарди евра

Од Европската комисија информираа дека Европската унија (ЕУ) на Украина од почетокот на војната во февруари 2022 година, досега и дала 168,9 милијарди евра.

Од овие пари за воена помош се 59,6 милијарди евра.

Дополнително, ЕУ и нејзините земји-членки потрошиле и повеќе од 17 милијарди евра за поддршка на луѓето кои ја напуштиле Украина.

Околу 3,7 милијарди евра од вкупната сума се обезбедени од приходите добиени од замрзнати руски средства.

Завчера на Украина и се исплатени уште четири милијарди евра.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести