Министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург усвоија предлог со кој купувачите од ЕУ нема да можат да потпишуваат нови договори за увоз на руски гас по 1 јануари 2026 година.
Сите постоечки договори ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027 година.
Министрите се едногласни дека иако работеле, сепак не успеале целосно да ја исфрлат употребата на рускиот гас.
„Затоа е клучно данското претседателство да обезбеди голема поддршка од министрите за енергија за законот што конечно ќе го забрани влезот на руски гас во ЕУ,“ изјави данскиот министер за енергетика Ларс Огард.
Фото/Влада