Министерство за надворешни работи и надворешна трговија информираше дека првата група од осум македонски државјани кои побарале евакуација од Израел, пристигнале на скопскиот аеродром.
„Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни. Министерството, преку дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, останува во континуирана комуникација со останатите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел.
За сите прашања и конзуларна поддршка, на располагање се дежурните телефонски броеви,” соопштија од таму
Со ова Македонија е меѓу првите земји кои успееја да евакуираат свои граѓани од подрачјето погодено со воени напади.
Египет е првата безбедна земја каде се пренесуваат луѓето кои сакаат да го напуштат Израел, а од отаму се пренесуваат во повеќе европски земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
22 македонски државјани побрале помош да го напуштат Израел
Македонски државјани ќе бидат евакуирани од Израел со владиниот авион