ЕВН Македонија и Инжeнерската институција на Македонија потпишаа Договор за стратешко партнерство, со што ги поставија првите темели на соработка со цел олеснувања и промоции на инженерски истражувања и иницијативи, иновации, одржливи проекти, како и поддршка во развојот на инженерски решенија кои се усогласени со националните и меѓународните стандарди.
Опсегот на оваа соработка опфаќа и размена на искуства, стипендии и професионален развој преку практикантска работа и можности за вработување на студенти и млади инженери.

На чинот на потпишувањето присуствуваа Управниот одбор на ЕВН Македонија и челните луѓе на Инжeнерската институција на Македонија.
„Со ова стратешко партнерство ќе се промовира размена на знаења и ескпертизи, како и обликување на иднината на енергетиката во земјава.“ истакна претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер.
Со потпишувањето на овој договор, ЕВН Македонија официјално стана партнер на инженерска институција, чија историја датира уште од 1920 година кога организацијата била формирана во Скопје.
„Потпишувањето на овој договор е чекор напред кон постигнувањето на нашите долгорочни цели и посветеноста кон иновациите и одржливиот развој, како и за популаризацијата на инженерската професија во Македонија.“ рече претседателот на Инженерската институција на Македонија, Андреј Лепавцов.
