Од опозициската СДСМ сметаат дека со вчерашната изјава еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која за пример за македонскиот идентитет посочи јадења од македонската кујна, (кои се всушност медитерантски), немала лоша намера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ама апелираат кога се зборува за чувствителни теми и прашања да се биде внимателен во изјавите.
Од партијата очекуваат таа да го истакне она што Европската Унија самата го имала потврдено во сите документи и сите договори – дека македонскиот јазик и идентитет се целосно признати од Унијата, посочуваат од таму.
-Како јазикот, така и идентитетот се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавина од реакции за изјавата на Марта Кос за македонскиот идентитет