Европската демократска партија (ЕДП) се спојува со Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Одлуката за спојување, како што информираа од партијата била донесена на Централното собрание на ЕДП.
ЕДП е дел од коалицијата на ДУИ, Национална коалиција за интеграција, а ја предводи Аријанит Хоџа.
Пред да ја формира ЕДП, Хоџа беше заменик претседател на Беса, која сега е дел од коалицијата Вреди.
Фото: Хоџа/Фејсбук













