ЕУ и Индија постигнаа историски договор за слободна трговија

Индија и Европската унија (ЕУ) постигнаа историски договор за слободна трговија, со што се создава заеднички пазар од две милијарди луѓе.

Според Европската комисија, вредноста на трговијата меѓу Индија и ЕУ во 2024 година надминала 120 милијарди евра, што ја прави Унијата најголем трговски партнер на Њу Делхи.

Главниот извоз на Индија во ЕУ се машини и опрема, хемикалии, метали, минерални производи и текстил.

Индија е деветтиот најголем трговски партнер на ЕУ, со удел од 2,4 проценти од вкупната трговија со стоки на Унијата во 2024 година, што е значително помалку од водечките партнери како што се САД (17,3%), Кина (14,6%) или Обединетото Кралство (10,1%).

ЕУ пак најмногу извезува во Индија машини, транспортна опрема и хемикалии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести