Од Македонската берза информираа дека Фабрика Карпош АД Скопје е ставена на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
-Внесување на друштвото Фабрика Карпош АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавената намера за давање понуда за преземање на Друштвото, велат од таму.
Друштвото сака целосно да го преземе Сервис Петрол ДОО Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сервис Петрол сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош
Која е фирмата Сервис Петрол, која сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош
Сервис Петрол е купувачот на 74,89% од акциите на Фабрика Карпош














