Дански “Flying Tiger“ ја отвори својата прва продавница во Македонија

Данскиот бренд Flying Tiger Copenhagen, познат по својата скандинавска естетика, оригинален дизајн и достапни цени, ја отвори својата прва продавница во Македонија.

Истата е во Ист Гејт Мол во Скопје.

Flying Tiger Copenhagen е основана во 1995 година.

Има над 1.000 продавници во 38 земји низ светот. Асортиманот вклучува различни категории на производи како декорации за дом, кујнски прибор, играчки, канцелариски прибор, материјали за забави и сезонски производи за празнични прослави.

За повеќе информации, посетете ја: www.flyingtiger.com.

Фото: Ист Гејт Мол/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести