Фантастична стендап вечер со Џим Џефрис во Скопје – 1500 луѓе, над два часа смеа и неверојатна атмосфера

Скопје синоќа беше домаќин на еден од најголемите светски стендап-комичари – Џим Џефрис, кој настапи пред преполна сала со околу 1500 посетители во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“.

Публиката уживаше во повеќе од два часа врвно стендап шоу, исполнето со смеа, искрени реакции и енергија која ретко се доживува на ваков тип настани.

Настапот во Скопје беше дел од неговата актуелна и исклучително успешна европска турнеја, со која Џефрис го промовира најновиот материјал насловен „Son of a Carpenter“ („Син на еден столар”), само неколку месеци по премиерата на неговиот последен Нетфликс-специјал.

Шоуто беше целосно изведено на англиски јазик и претставуваше ексклузивно, целовечерно искуство за македонската публика.Со кариера која трае повеќе од две децении, Џим Џефрис важи за еден од највлијателните стендап-комичари денес.

Неговиот препознатлив стил – храбар, интелигентен и директен – обработува секојдневни и општествени теми без задршка, што синоќа уште еднаш ја оправда репутацијата поради која настапува на најпрестижните светски сцени како Madison Square Garden, Carnegie Hall и O2 Arena во Лондон. На фестивалот „Just for Laughs“ во Монтреал во 2019 година беше прогласен за стендап-комичар на годината.

Џефрис е и успешен водител, подкастер и писател, а неговиот најнов Нетфликс-специјал „Jim Jefferies: Two Limb Policy“, објавен во август 2025 година, е дел од серијал од шест стендап-шоуа продуцирани за Нетфликс.

Синоќешниот настап во Скопје ќе остане запаметен како една од најдобрите стендап-вечери досега, оставајќи силен впечаток кај публиката и потврдувајќи дека македонската сцена е подготвена за вакви светски продукции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести