Од Халкбанк АД Скопје информираа дека нов главен извршен директор на Банката е Д-р Фатих Шахбаз.
Од Банката велат дека Народната банка дала одобрение за негово назначување.
Шахбаз кариерата ја градел во рамките на Türkiye Halk Bankası A.Ş., каде последователно извршувал различни значајни функции, од специјалист, внатрешен инспектор, директор и раководител на филијала, до менаџер на оддел и директор на група.
На 1. декември 2022 година бил назначен за заменик генерален директор задолжен за Управување со човечки ресурси и Секторот за поддршка, а од 17. јули 2025 година ја извршувал функцијата заменик генерален директор задолжен за Управување со поддршка и Дигитална трансформација.
-Неговото академско образование, богато професионално портфолио и долгогодишната експертиза како и искуството во менаџирање со клучни сегменти од банкарското работење, претставуваат силна основа во понатамошниот развој и водење на Халкбанк во Македонија, посочуваат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Халкбанк од денеска е комплетна дигитална банка – пристап до сите услуги и онлајн
Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција














