Во македонското Собрание денеска за нов народен правобранител е избран Фатон Сељами.
За негов избор „за„ гласаа 89 пратеници, а шест беа против.
Сељами е од Тетово. Тој е дипломиран правник и магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит.
Народниот правобранител го избира и го разрешува Собранието.
Се избира со мандат од осум години, со право на уште еден избор.
Изборот и разрешувањето на народниот правобранител Собранието го врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците.














