Фершпед АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил оперативна добивка во износ од 56.173 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи за период јануари – јуни 2025 изнесуваат 1.908.842 илјада денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2024 година кога изнесувале 2.259.939 илјада денари бележат пад од 16% .
Оперативните приходи изнесуваат 1.903.007 илјада денари и бележат пад од 16% во однос на истиот период во 2024 година. Финансиските приходи изнесуваат 5.835 илјада денари и се зголемени за 81% во однос на минатата година.
Вкупните расходи за период јануари – јуни 2025 година изнесуваат 1.846.984 илјада денари и бележат намалување од 16% во однос на вкупните расходи за истиот период за 2024 година.
Оперативните расходи за првото полугодие од 2025 година изнесуваат 1.846.834 илјада денари и истите бележат намалување од 16% во однос на истиот период за 2024 година, додека финансиските расходи бележат раст од 11% во споредба со истиот период минатата година.
Остварената нето добивка за периодот јануари – јуни 2025 година изнесува 53.441 илјада денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ